Свет

Салвини би можел да заврши на суд

ЕПА-ЕФЕ / Еторе Ферари

Рим – Специјалниот трибунал  препорача судење на поранешниот министер за внатрешни работи на Италија и лидер на десничарската Лига, Матео Салвини.

Причината за судењето е што, по негова наредба, десетици мигранти беа задржани на брод на крајбрежната стража, која пристигна на пристаништето во Сицилија во јули.

Во судскиот документ според Ројтерс, судиите од Сицилија побараа од парламентот дозвола да продолжи со истрагата на Салвини за наводно киднапирање мигранти, тврдејќи дека тој ги злоупотребил своите овластувања и затворил 131 мигрант.

„Под истрага затоа што ја бранев безбедноста, границите и достоинството на мојата земја? неверојатно!!!“, изјави Салвини, нарекувајќи ја истрагата „срамна“.

Салвини во јули,во време кога беше министер за внатрешни работи,нареди мигрантите, вклучително и деца, да останат на бродот на италијанската крајбрежна стража „Грегорети“, додека другите европски земји се согласија да прифатат повеќето од нив, соопшти Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment