Американските и саудиските воздушни сили во неделата спроведоа заеднички летови над регионот на Персискиот залив, поради нивните тековни превирања со Иран.
Според Саудиската прес агенција, двете воздушни сили ги распоредиле своите F-15C Eagles во Персискиот Залив во мисија насочена кон зајакнување на воените врски и заедничката работа.
Интересен е временскиот распоред на овие заеднички летови, бидејќи доаѓаат само неколку дена откако САД и Саудиска Арабија го обвинија Иран за напад врз двата танкери за нафта во Оманскиот Залив.
Иран негираше каква било улога во нападот врз нафтените танкери, и покрај наводите на САД и Саудиска Арабија.