Како што наведоа, 70 проценти од светското земјоделство зависи исклучиво од пчелитe, а полинацијата или опрашувањето – можеби најважната функција на пчелите – им овозможува на растенијата да се репродуцираат.
Без пчели, беше соопштено, фауната на планетата полека ќе започне да исчезнува.
Исто така, една студија на повеќе универзитети откри дека пчелите се единствените живи суштества кои не носат никаков патоген – нема габи, нема вируси, нема бактерии.
За жал, ова е откриено во време кога дознаваме дека пчели на планетата има сè помалку. Една студија открила дека 90% од популацијата на пчели исчезнала во последните неколку години …
Главните причини за намалување на бројот на пчелите се неконтролираната употреба на пестициди, недостатокот на цвеќе и уништувањето на шумите (дефорестација). Поради оваа причина, многу активисти бараат веднаш да се забранат пестицидите, да се користат природни алтернативи, а здравјето и опстанокот на пчелите да почнат внимателно да се следат.
Гринпис исто така се огласи и рече дека можеме да ги заштитиме пчелите со забрана на седум од најопасните пестициди (вклучително и три кои се полни со никотин), зачувување на дивите живеалишта и враќање на органското земјоделство – ова значи да се избегнат гигантски фарми во кои, од година во година, се сади истата билка, што е голем проблем за инсектите.
Со помош на природни системи за компост, хранливите материи во почвата ќе бидат обновени, со што ќе се намали загубата на земјиштето од ветер и водна ерозија.
Да се потсетиме и на познатата реченица,изрекочена од Алберт Ајнштајн: „Ако пчелите изчезнат, луѓето ќе имаат уште четири години да живеат“.