Западот се обидува да ги претвори Црна Гора и Македонија во „алатка“ во анти-руската игра, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС.
Се гледа разликата помеѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ и НАТО. Ова е обид да се претворат во „алатка“ во анти-руската игра – ре;e Лавров.
Земјата се преименува за да влезе во ЕУ, каде што не беше прифатена и нема да биде прифатена во скоро време. Наместо тоа, тие ги вовлекоа во НАТО, почнаа да ги загреваат русофобичните чувства, агресивната политика кон Руската Федерација. Истото го направија и со Црна Гора: ветија дека ќе влезат во ЕУ, но рекоа дека треба да влезат во НАТО, да се приклучат на санкциите и да заземат став кој е отворено антируски. Тажно е тоа, рече Лавров во интервјуто.
Тој исто така додаде: Бев во посета на Скопје и Охрид, видов како луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија. Бев и во Црна Гора. Посетив манастири и храмови.
Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор за Српската православна црква (СПЦ) за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ).
Ова обновување на евхаристичкото единство меѓу СПЦ и МПЦ го оценувам како позитивно. Тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј – вели Лавров.
Според министерот, „ова е достоен одговор на интригите на цариградскиот патријарх“.
Тој се обиде засекогаш да го закопа секој однос меѓу другите православни цркви, пред се српската и македонската. Овој провокативен план е спречен, нагласи Лавров и додаде:
Со обновувањето на канонското општење меѓу СПЦ и МПЦ доаѓа до повторно воспоставување на евхаристичкото единство со Руската православна црква, за што сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието – заклучи Лавров.