Свет

СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Хибридната војна против Русија отвора нови можности за проширување на руско-кинеската практична соработка

СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Хибридната војна против Русија отвора нови можности за проширување на руско-кинеската практична соработка

Соработката меѓу Москва и Пекинг доби стратешки карактер и поради хибридната војна на Западот против Русија и се отвораат нови можности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми за соработка. Енергетското партнерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти во областа на индустријата, земјоделството и транспортот – рече Лавров во видео обраќањето пред учесниците на седмата меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека хибридната војна што колективниот Запад ја започна против Русија отвора нови можности за проширување на соработката меѓу Москва и Пекинг, пренесува ТАСС.

Познато е дека зборот криза на кинески е комбинација од два знака: опасност и можност. „Сигурен сум дека хибридната војна што колективниот Запад ја започна против Русија отвора нови можности за проширување на руско-кинеската практична соработка, вклучително и инвестиции и финансии“, нагласи рускиот дипломат.

Лавров, исто така, рече дека Русија и Кина имаат намера да развијат независна финансиска инфраструктура, со што значително ќе се зголеми употребата на рубљи и јуани во бизнисот меѓу двете земји, пренесе ТАСС.

Related posts

Leave a Comment