Свет

Се спрема нешто сериозно! Американски носач на авиони на нуклеарен погон доаѓа во Сплит

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон УСС Џорџ ХВ Буш следниот месец ќе заплови во Сплит. Тоа е најмладиот американски носач на авиони и еден од најголемите воени бродови во светот.

Хрватската влада денеска треба да го издаде одобрението за влез во морето. Бродот припаѓа на класата Нимиц. Неговата вкупна должина е 333 метри и има зафатнина од над 100.000 тони. Најголемата брзина надминува 30 јазли, а се напојува од два нуклеарни реактори. Може да плови повеќе од 20 години без полнење гориво. Капацитетот на бродот е 3.532 членови на екипажот и може да носи 90 авиони и хеликоптери.

Бродот е изграден во 2009 година, а трошоците за изградба биле 6,2 милијарди долари.

Носачот на авиони УСС Џорџ Х.В. Буш моментално ја предводи големата воена вежба на НАТО „Нептун удар 2022“ коај се одржува во Медитеранот до 28 октомври. Вежбата вклучува над 80 авиони, 14 бродови и околу 6.000 персонал од 24 сојузници и партнери на НАТО, вклучувајќи ги Финска и Шведска.

Се потсетува дека ова ќе биде второ пристигнување на американскиот носач на авиони на нуклеарен погон од класа Нимиц во Сплит годинава.Во февруари, носачот на авиони Хари С. Труман беше во Далмација.

Related posts

Leave a Comment