Свет

Сириската војска влезе во Манбиз

Сириската војска влезе во Манбија

 

ДАМАСК – Сириска војска денеска влезе во градот Манбиз во северна Сирија, јавуваат сириските државни медиуми.

По турската офанзива во северна Сирија и повлекувањето на Соединетите држави, Сирија ги испрати своите трупи длабоко на курдската територија јужно од турската граница, пренесува Ројтерс.

Претходно во понеделникот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските трупи и сојузниците од сириската опозиција се подготвени да извршат напад врз градот Манбиз, што го држат сириските Курди.

„Ние ќе ја извршиме нашата одлука за Манбиз“, им рече Ердоган на новинарите.

Во меѓувреме, сириските Курди постигнаа договор со владата во Дамаск за заедничка одбрана против турската инвазија.

Related posts

Leave a Comment