Свет

Сирија ги прекина дипломатските односи со Украина

 

Сириското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека прекинот на односите всушност се случил во 2018 година кога Украина одбила да му додели резиденции на сирискиот дипломатски персонал во Киев и дека сириската амбасада потоа ја прекинала работата „поради непријателскиот однос на владата на Украина“.

Сирија денеска ги прекина дипломатските односи со Украина, како одговор на претходниот таков потег на Киев.

„Сириската Арапска Република одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина во согласност со принципот на реципроцитет“, соопшти Министерството за надворешни работи на Сирија.

На крајот на јуни Дамаск објави дека ќе ја признае „независноста и суверенитетот“ на окупираните украински региони Луганск и Доњецк, кои прогласија независност со поддршка на Русија.

Сириското Министерство за надворешни работи во соопштение додаде дека прекинот на односите всушност настанал во 2018 година кога Украина одбила да му додели резиденции на сирискиот дипломатски персонал во Киев и дека сириската амбасада потоа престанала да работи „поради непријателскиот однос на владата на Украина“.

Сирија тесно соработува со Русија, која се приклучи на конфликтот во Сирија во 2015 година на страната на претседателот Башар ал Асад.

Одлуката на сириските власти беше соопштена додека министерот за надворешни работи Фајсал Мекдад е во посета на Техеран, каде што треба да разговара со ирански претставници.

Еден ден претходно во Техеран се сретнаа рускиот претседател Владимир Путин, иранскиот претседател Ебрахим Раиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Related posts

Leave a Comment