Тројца руски војници се повредени во импровизирана експлозија на бомба поставена на патот во северо-источна Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Бомбата експлодирала недалеку од оклопното возило во кое имало руски војници.
„Оклопното возило е оштетено и тројца руски војници во возилото се повредени“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Инцидентот се случил недалеку од сириско-турската граница.