До редакцијата на „Економски Лидер“ пристигнал документ од Изјава за национална припадност, а на него може да се види дека Македонците воопшто не постојат како опција,објавува порталот.
Во графата за национална припадност, од Изјавата за запишување на еден од факултетите на универзитетот „Кирил и Методиј“, застапени се сите етнички заедници освен Македонците.
Оваа Изјава е скандалозна бидејќи во неа не пишува дека се однесува само за етничките заедници кои се малцинство во Македонија, туку јасно стои дека идниот студент треба да се изјасни за својата национална припадност.