Маж на возраст од 46 години изутринава загина од струен удар додека стоел качен на железничка цистерна на станицата Илинден.
Случајот е пријавен во СВР Скопје од каде е утврдено дека станува збор за М.Б. од Скопје.
На местото на настанот се излезени екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и Итната медицинска помош.