Свет

Соединетите американски држави повлекуваат 6.400 војници од Германија

ЕПА / Сандор Ујавари

САД ќе повлечат 6.400 војници од Германија, а други 5.400 ќе бидат префрлени во другите европски земји, соопштија денеска американските безбедносни претставници.

Официјални претставници на САД најавија дека повлекувањето, што е во согласност со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе започне за неколку месеци, и дека воздушните и копнените сили веројатно ќе бидат пренесени во земји каде што веќе има американска војска.

По повлекувањето, во Германија се очекува да останат околу 25.000 војници.

Оваа објава е тесно поврзана со планот за зголемување на бројот на американски сили во Полска, што Варшава и полскиот претседател долго време го посакуваа.

Некои официјални лица изјавија дека ваквиот потег ќе чини милијарди и дека ќе бидат потребни дополнителни бази во САД за да се сместат сите сили.

Членови на партијата на Трамп го критикуваа преместувањето на трупите како подарок за Русија и закана за националната безбедност.

Исто така, не е сигурно дали планот ќе преживее доколку Трамп не биде реизбран за претседател во ноември.

Германија е главен штаб за американски операции на Блискиот исток и Африка.

Одлуката да се задржат скоро половина од силите во Европа е јасен потег на Пентагон со цел да се помират со сојузниците, избегнувајќи повлекување на сите 10.000 војници од регионот.

Со проширување на своите сили на исток, САД испраќаат порака до Русија да не ја намалуваат својата посветеност кон регионот и дека остануваат подготвени да ја заштитат Источна Европа од каква било агресија од страна на Москва.

Неколку министри за одбрана на НАТО изразија загриженост поради повлекувањето на илјадници војници од Германија.

Related posts

Leave a Comment