СОНК. донесе конечна одлука за стапување во генерален штрајк се до исполнување на барањата за рамномерно зголемување на платите во однос на минималната плата. Сите членови на СОНК. ќе бидат на своите работни места во училиштата и градинките но нема да има настава или згрижување и нега на децата во градинките. Тие апелираа до родителите на децата за разбирање и солидарност а за оние наставници или негователи кои не се членови на сонк упатија отворен апел да ја искористат законската можност со потпишување на изјава да се приклучат солидарно со штрајкот.
Според првиот човек на Сонк Неделковски големо е незадоволството од не еднаквоста во платите но како никогаш досега немало 100% согласност за штрајк во градинките.
Во моментов една негователка која по нормативот треба да води група од 20 деца, има група од по 30 до 35 деца а зема 18 700 денари плата односно близу сите останати дејности со сегашната минимална плата.
Од владата останаа на својот став од соопштението по вчерашната средба со СОНК.
Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори.
Според првиот човек на СОНК Неделковски без зголемуавње на платите нема да се прекине штрајкот заради кој освен градинките и образовниот процес ќе се прекинат и матурските испити.