Свет

Сообраќајот низ Истанбулскиот теснец во прекин: Се насука брод од Украина долг 173 метри

Се насука поради дефект на кормилото и се закотви во заливот Бебек, објави на Твитер Генералниот директорат за крајбрежна безбедност на Турција.

Поморскиот сообраќај низ Истанбулскиот теснец е во прекин по дефект на брод кој доаѓа од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).

– Бродот „Лејди Зехма“ долг 173 метри се насука поради дефект на кормилото и се закотви во заливот Бебек – објави на Твитер Генералната управа за крајбрежна безбедност на Турција.

Спасувачките бродови и службеници беа распоредени да му помогнат на бродот.

Related posts

Leave a Comment