Брачниот пар Шулер порачува дека ја преживеале пандемијата без да се заразат и дека сакаат да останат такви. Како што велат, поради пандемијата, нивната трговија речиси пропаднала
Во Хоф, Баварија, на една продавница од неодамна стои натпис со кој им се забранува влез на луѓето кои примиле вакцина против корона.
Сопствениците на продавницата за народни носии јасно сакаа да кажат кој е и кој не е добредојден во нивната продавница.
– Ве молам, разберете – пристап само за невакцинирани лица – пишува на излогот.
Како што велат, тие сакаат да ја заштитат својата специјализирана продавница Trachtenlod’n Wolperdingar, која ја водаат од 2015 година.
„Се чувствуваме непријатно од луѓето кои биле вакцинирани“, рече сопственикот Шулер.
Натписот во излогот е поставен од минатиот вторник.
„Ние остануваме на нашето мислење, без оглед што мислат другите за него“, рече Шулер.
Фотографијата од продавницата предизвика многу реакции на Фејсбук, а сопственикот вели дека не им верува на вакцините против ковид.
– Сите останати вакцини секогаш се тестирани, ова воопшто не претставува проблем. Но, ние не му веруваме на овој лек – рече Шулер.
Брачниот пар Шулер порачува дека ја преживеале пандемијата без да се заразат и дека сакаат да останат такви. Како што велат, поради пандемијата, нивната трговија речиси пропаднала
– Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата за 90 проценти – рече Шулер.
Сега, кога им е дозволено повторно да работат нормално, трговците сакаа да кажат јасно што мислат, велат тие.
Опфатот на вакцинација на населението во Хоф неодамна надмина 57 проценти.