Свет

СОРОС ЗАГРИЖЕН-ОД ГЕРМАНИЈА СТИГНУВА ЗАКАНА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА УНИШТИ ЕУ

Германскиот уставен суд минатата недела донесе пресуда дека Европската централна банка (ЕЦБ) ги надминала надлежносите при купување на државнте долгови во рамките на програмата за квантитативно олеснување и се закани дека ќе забрани купување германски државни обврзници. Сорос стравува дека тоа може да ја уништи ЕУ.

Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, во интервју за британски „Индипендент“, поради овој случај предвидува крај на ЕУ, каква што досега ја познававме.

„Особено сум загрижен за опстанокот на ЕУ, бидејќи тоа е нецелосна унија“, рече Сорос, пренесува „Спутник“.

Процесот на создавање на унијата никогаш не е завршен, што ја прави Европа „крајно ранлива, поранлива од САД, не само заради нејзината некомплетност, туку и затоа што е заснована на владеењето на правото“. „А тркалата на правда се движат многу бавно, додека заканите, како што е заканата од Ковид 19, се движат многу брзо“, додаде тој.

Сорос изрази сериозна загриженост поради минатонеделната пресуда на германскиот Уставен суд, со кој се оспори масовното купување на државните долгови на членките на ЕУ од страна на ЕЦБ и даде тримесечен ултиматум за банката да ја оправда пропорционалноста на купувањето. Доколку ЕЦБ го одбие ултиматумот, повеќе не може да смета на Бундесбанк.

Европската комисија се закани со тужба против Германија, иако официјални претставници на ЕУ во понеделникот соопштија дека непосредното правно дејствие против Германија е малку веројатно.

„Пресудата претставува закана што може да ја уништи ЕУ како институција заснована врз владеењето на правото, токму затоа што се работи за германскиот уставен суд, една од најпочитуваните институции во Германија“, рече Сорос.

Според него, примерот на Германија би можеле да го следат Унгарија или Полска и законитоста на одлуките на Европскиот суд на правдата може да биде доведена во прашање.

„Ако пресудата на германскиот суд спречи ЕУ да се спротивстави на ваквите движења, тоа ќе значи крај на ЕУ каква што ја познаваме“, заклучи Сорос.

Related posts

Leave a Comment