Сојузен судија во Тексас денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден не може да бара од државните службеници да се вакцинираат против Ковид.
Бајден издаде наредба со која се бара од околу 3,5 милиони работници во јавниот сектор да се вакцинираат до 22 ноември или да побараат верско или медицинско барање за изземање, а во спротивно ќе се соочат со дисциплинска постапка или отказ, објави Ројтерс.
Американскиот окружен судија Џефри Браун денеска изјави дека прашањето е дали Бајден можел да бара од федералните службеници да поминат медицински процедури како услов за нивното вработување.
„Според сегашниот закон, како што неодамна рече Врховниот суд, премногу е да се бара“, додаде Браун.