Економија Регион

Србија и официјално станува член на Азиската инфраструктурна инвестициска банка

 

Република Србија официјално стана 73-та не-регионална членка на Азиската банка за инвестиции во инфраструктура (AIIB). Министерот за финансии на Србија. Синиша Мали, рече дека ова е голема вест за Србија, која со пристапувањето во организацијата добива пристап до достапен кредит за реализација на приоритетни проекти, соопшти српското Министерството за финансии .

Србија официјално ги исполни сите потребни процедури и услови за членство, имено – донесен е Закон за потврда на законот за основање на Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата во Собранието на Србија, депонирање на Инструментот за пристапување и плаќање на првата рата на капиталот на Банката.

Ова беше потврдено во резолуцијата на Одборот на гувернери на AIIB, донесена на 15 август 2019 година, со која се потврди членството.

Приемот во членството беше потврден со резолуција на Одборот на гувернери на AIIB, 15 август 2019 година.

Во 2018 година, министерот Синиша Мали, достави до АИИБ формално барање за членство.

Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата, со седиште во Пекинг, започна со работа во 2016 година, а покрај Србија, која е нова не-регионална членка, други земји надвор од регионот на Азија-Пацификот,  се Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија , Шпанија и други.

Резолуцијата на управниот одбор го потврди и членството на Грција во меѓународната организација, која стана нејзина 74-та членка.

Related posts

error: Content is protected !!