Отако не го добија тоа што го очекуваа, и откако видоа дека бродот почна сериозно да се ниша, голем дел од најгласните шарени револуционери, како и секој проверен зихераш, почнаа да го напушаат проектот/бродот наречен „Нема правда, нема мир!“ Почнаа, како и секој демагог, дури и критички да се однесуваат кон власта – ова не чинело, она не чинело; ова било срамно и неподносливо, а она… Демек, луѓето се освестиле, сфатиле. Меѓутоа, каде беа овие „н а к н а д н о освестените херои“, кога македонската јавност имаше можност да чуе дека, кога ќе се освоела власта, живи луѓе ќе се јаделе? Каде беа кога се делеше едно евро за еден и друго евро за друг? Каде беа на 27.04. 2017 год., кога се освојуваше власта надвор од деловникот и законите, пред народот и да влезе во Собранието? Каде беа кога во Берн се тврдеше дека Македонија ќе станела Швајцарија на Балканот и дека ќе се воведела двојазичност на целата нејзина државна територија? Каде беа кога се прифатија Тиранската платформа, Договорот со Грција и Бугарија? Каде беа кога почна сè што е македонско да се брише, потиснува, искривува? Каде беа кога, наспроти на секоја логика, патриотизмот беше изедначуван со шовинизам/џингоизам? Толкави ли им беа знаењата за да не ја прават оваа основна разлика? Или, каде беа кога под секое човечко достоинство, се даваа извинувања, за кое (секаде во светот) се испраќаат остри дипломатски демарши? Каде беа кога се носеа витални закони (со менување на Уставот) без сето да се објави во „Службен весник“ или се објавуваше со невалиден потпис? Каде беа кога Министерството за култура делеше буџетски средства по целосно проблематични критериуми? Само нешто пропелтечеа кога, наспроти нивните очекувања, не добија ни денар. Каде беа кога овие модерно и граѓански ориентирани суштества Македонија се преобразуваше, наместо во заедница на нејзините граѓани, во племенска/етничка заедница, предводена од племенските главатари, кои цело време се пазареа за своите лични интереси? Молчеа и пред бесмисленото церекање, како и пред циркузантското давање на вратоврската; пред засрамувачкото однесување на оваа власт; пред збунувачкото менување на битни политички ставови; пред лакејството пред сè што е странско, бидејќи и самите го практуваат тој дух, од пуста желба нешто да добијат, барем нешто да бидат, макар биле ништо – само лакеи-циркузанти.
Молчеа и молчеа, сè додека видоа дека останаа со прстот во устата (како и останатите граѓани) и кога констатираа дека бродот почнува сериозно да се ниша – како од внатре, така и однадвор. Како и секој проверен стаорец, самобендисаните/нарцисоидни и „видни“ интелектуалци, блазирани, со мазно зачешлани фризури, со свилени марамчиња и арогантно однесување кон народот (нарекуван раја/сељачана) почнаа да го критикуваат и да го напуштаат бродот дури кога видоа дека (а) на него нема мисто за нив и (б) дека (најверојатно) ќе следи политичка, морална и секоја позитивна законска санкција.
ФБ Статус на професорот Љубомир Ццуловски