КолумниФБ Статуси

Стокхолмскиот синдром на Солза – Боби Георгиевски

 

Сирма Војвода отишла кај Зумбул Ага, му се пожалила дека македонскиот народ е поробен и тој со својот авторитет пред Султанот, издејствувал слобода за Македонија. Доколку ова беше вистина, ќе поверував во теоријата на Солза дека отишла кај нелегитимниот претседател за да издејствува изборен модел со кој сдс-дпне би се самоубиле. ,, Сакате враќање на името и на атрибутите на македонскиот народ? Очекувате тоа да го направат овие кои продадоа се, изведувачот со подизведувачот?,, Ќе напише Солза на нејзиниот фб профил. Ние госпоѓо Солза не очекуваме, но изгледа како ти да очекуваш, па му го побара тоа на еден од подизведувачите. Или можеби очекуваш некое пратеничко место во замена за легитимитетот што се обиде да го испорачаш на трулата нелегитимна власт, преку кафето што го испи во Вилата на водно. Ако веруваш во тоа, зошто барем кај Заев не појде, оти уздата на парламентарното мнозинство засега е кај него. Дали г-ѓа Солза искрено верува дека сдс-дпне, би прифатиле вака, само поради вашата љубезност, да си ја исечат гранката на која седат. Да не навлегуваме во политичките компликации кои ќе излезат од албанскиот блок. Дали мислите дека калето би се откажало од својот 30 годишен проект за политичка контрола, само поради убавата фризура? Како тоа испорачувате политички барања, и очекувате да ви ги исполнат кога го бојкотиравте неговиот избор? Дали отидовѕе таму во договор со сдс-дпне, за да го оправдате идното шминкање на изборниот модел, кое пак на нив ќе им одговара, а за возврат и вие ќе лапнете некое столче во собранието? Со ова само ја девалвирате потребата од реални промени во целокупниот систем и ја трошите народната енергија за постигање на вистинската цел.
До промените, за кои мислам дека само декларативно се залагате, нема да дојде со молба, туку со покажување на реална народна сила, дали преку бојкот, протести или нешто трето, но со добра организација, за која, како што кружат гласини, вие од иселениците сте подигнале некоја сума. Можеби ова е само неуспешен обид за оправдување на истата.

 

ФБ Статус на Боби Георгиевски

 

Related posts

Leave a Comment