Свет

Столтенберг доби ладен туш во Истанбул: Ердоган го отфрли приемот на Шведска и Финска во НАТО

Столтенберг доби ладен туш во Истанбул: Ердоган го отфрли приемот на Шведска и Финска во НАТО

Турција нема да го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО алијансата додека тие две земји не ги преземат неопходните чекори, му порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на шефот на НАТО Јенс Столтенберг.

Претседателот на Турција рече дека потезите на Шведска и Финска ќе одредат колку брзо ќе биде процесот на пристапување и кога ќе заврши, пишува Гардијан .

Анкара ги обвини двете нордиски земји дека им обезбедуваат засолниште на курдските милитанти. Турција ги смета за терористи и одби да го ратификува приемот на двете земји во НАТО алијансата, без оглед на договорот постигнат во јуни.

Ердоган и Столтенберг во петокот во Истанбул одржаа приватна средба која беше затворена за јавноста.

Да потсетиме дека Финска и Шведска се откажаа од својата неутралност и аплицираа за членство во НАТО откако Русија ја почна специјалната операција во Украина. Ердоган се закани дека ќе го блокира нивниот пристапен процес и побара некои отстапки. Но, во јуни беше постигнат договор меѓу Турција, Финска и Шведска кој вклучува одредби за екстрадиција и размена на безбедносни информации.

Related posts

Leave a Comment