Македонија

СЈО: Латас и неговите браќа да се осудат и да им се одземат викендиците во Зелениково!

 

 

Обвинителката Елизабета Јосифовска во денешниот завршен збор за случајот „Тревник“, побара обвинетите Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан да бидат прогласени за виновни за бесправно градење, а воедно побара и викендиците, кои според неа биле нелегално градени, да им бидат одземени.

Таа се повика на доказите и сведоците кои беа изведени во текот на постапката, докажувајќи дека тројцата браќа речиси ги изградиле викендиците, а дури потоа добиле одобренија за градба.

-Прашањето за кое расправаме во овој предмет е кога обвинетите започнале со реализација на нивната желба за изградба на куќите во Зелениково. Од доказите на обвинението произлегува  дека тоа се случило пред да бидат обезбедени законските претпоставки за почеток со градба, односно далеку пред да имаат добиено одобренија за градење на објектите, рече обвинителката Јосифовска.

Таа истакна дека доколку браќата граделе по добиените одобренија, тогаш успеале за само дваесетина дена да изградат се, што според неа е невозможно.

-Значи или станува збор за експресна брзина на градба, па во периодот од 24.01.2013 година кога се издадени одобренијата за градење до 14.02.2013 година, односно во период од само дваесетина дена, во зимски услови, куќите на Драган Павловиќ Латас и Звездан Павловиќ се изградени од темел до кров и веќе се поставила водоводната и канализационата инсталација, или објектите биле изградени многу порано пред добивање на одобренијата за градење. Сите досега изведени докази,  упатуваат на вториот заклучок, истакна обвинителката.

Related posts

Leave a Comment