Такер Карлсон, американски новинар и конзервативен политички коментатор, ја коментираше можната надворешна политика на Џо Бајден.
– Во 2003 година, Бајден беше за инвазија на Ирак. Во случај Бајден да стане претседател, веројатно ќе има промени во американската надворешна политика, но прашањето е колку? Советникот на Џо Бајден, Тони Блинкен, ни даде навестување. Тој рече дека „присуството на американски војници во Сирија е показател за моќта“.
Такер заклучи дека Пентагон ја измамил администрацијата на Трамп и дека се уште има американски војници во Сирија.
– Значи, не ја напуштаме Сирија, а дали некогаш го напуштаме Авганистан? Администрацијата тоа го планираше во следниот месец, но дали ќе успее? – праша Такер.