Регион

Татарите на Омуртаг не мируваат : „Македонците се чисти Бугари, ни ја крадат историјата”

 

Внуците на Омуртаг и Аспарух никако да престанат со провокациите кон Македонија и Македонците.

Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, изнапиша еден куп навреди за Македонците во својата колумна „Макрон и Македонците – бугарска работа“.

Во колумната за одлуката на Макрон со која Македонија доби блокада за старт на преговорите за приклучување кон ЕУ, Росен Петров пишува дека  „Македонците ја крадат бугарската историја”, како и дека македонските историчари покажуваат „невообичаено, дрско и примитивно однесување“.

– „Македонците се чисти Бугари, а ние сакаме со векови правиме лошо едни на други”, пишува тој.

Тој додаде дека и македонската и Макронската работа се типично бугарска работа.

Инаку, Петров е  поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“.

Related posts

Leave a Comment