Властите во Украина се уште не ги коментирале овие наводи
Шефот на службата за радијациона, хемиска и биолошка заштита на вооружените сили на Русија, Игор Кирилов, соопшти дека наводно се пронајдени 30 лаборатории за производство на воено-биолошко оружје во Лавов, Харков и Полтава.
Анализата покажа дека примероци од чума, антракс и бруцелоза се пронајдени во биолошката лабораторија во Лавов, а причинителите за дифтерија, салмонела и дизентерија во лабораториите во Харков и Полтава – рече Кирилов.
Според него, само во Лавов наводно биле уништени 232 контејнери со патогени кои предизвикуваат лептоспироза, 30 со туларемија, десет со бруцелоза и пет со чума.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во Украина наводно била формирана мрежа од околу 30 биолошки лаборатории во кои, според нив, биле извршени активности нарачани од американското Министерство за одбрана.