Колумни

Томче Ширков: Братя българи, много ви благодаря( по нашки) и мерси ( по вашо-европейски)

Братя българи, много ви благодаря( по нашки) и мерси ( по вашо-европейски).Пред многу години повеќе од десет, еден бугарски професор-социолог, но и поранешен воен аташе во СССР ми кажа : “ Ние никогаш нема да ве признаеме како посебен народ со своја историја, јазик и култура“ И никогаш нема да влезете во ЕУ ( исто како Турција)…додека можеме ќе ве блокираме! Се додека е ваков распоредот на силите во светот.“

Јас вчудоневиден прашав “ А зошто, нели сме братски народи, многу блиски, соседи, словени, православни христијани…Ај за Турција ми е јасно?“
Тој ми одговори : “ Та точно затоа, и има мала разлика не сме слични, исти сме. Но ако ви дозволиме да постоите и ви ја дадеме историјата и јазикот, културата, а истото го сториме со Турција…Што ќе остане за Бугарија, останува и без словенските и без туранските елементи. Автоматски престанува да постои.

Посебно акцентот е на вас…зошто прекршивме дека сме Словени, европејци, се срамиме од Турано-Татарските корени.
А во друга ситуација, неколку години подоцна ми кажа една приказна, повеќе анегдота, кога ми објаснуваше зошто и како Бугарите ќе ни помогнат да не влеземе во ЕУ и со тоа ќе не спасат од модерно ропство, декаденција и тотално самоуништување…едноставно ми рече од ИНАТ!
Приказната :
Си ловел Бугарот риби во Бургас и оп фатил златна рипка, рипката со човечки глас му рекла…“Јас сум задолжена за среќата на сите Бугари и ќе ти исполнам што сакаш, само има еден услов, на соседот твој ќе му исполнам двојно повеќе од тебе. За сите да бидат среќни“…
Мислел, мислел Ганчо и рекол : “ А да ми го извадиш ти на мене едното око“. Рипката се расплакала и отпливала за Русија.
PS
Сигурно се прашувате зошто ви го раскажав сево ова?!
Едноставно, затоа што сум љубител на вистината…
Но и за да Таче, Жмиц, Стока и “ Оној кој раката ќе му се исуши“ , не се курчат без покритие. Бугарскиот шовинизам, непресметливост и максимализам во ИНАТОТ не спасија. Да беше до горенаведените …
Бихме глътнали всичкото което ни предложат, като пуйка ( ќурка) царевица… както казват бъгарите.

 

Томче ширков

Related posts

Leave a Comment