Колумни

Томче Ширков : Овие не чинат, а кои чинат?

Веќе петта година како слушаме, гледам3, читаме…абе” овие” не ги бива. И така постојано се некого не го бива и компарациски се поставува прашањето, а кого го бива?

И така се нудат солуции, нови ликови ( се помалку се нови) старите, одново пакувани и препакувани и одново поделби по системот: “Ако овие не ви чинат, кој ви чини” , “Се вас нешто не ви чини” и така 5 год…за тоа време Дип стејт, Трилатерала, Шкретите, Гегите и домашните предавници не прават крш, не работат како бавча. И ќе продолжат до тотално физичко поробување. Но и тоа не е толку страшно…доста со дефетизам од типот : ” Последниот протест” , ” Последната шанса” ” Без нас потоп”. Значи Македонија била слободна, поробувала и ја поробувале. И така 3000 г. Денес за жал е поробена и поделена на 4 дела. 1/4 која, колку -толку беше слободна до 2017г. Повторно потпадна под окупација.

И што е тука е.

Значи една држава, за да е слободна, треба на има слободен НаРод, слободни родови, семајства…а нив ги сочинуват слободни луѓе.
Да конкретизирам. Ако сакате да сме слободни, да се ослободиме прво самите себе си. Да се ослободиме од : предрасуди, суета, самобендисаност… ослободете се за Христос и неговиот наук, ослободете го менталот, душата и духот. Потоа така слободни, заштитете си ја слободата. Со : Знаења, вештини (вклучително и борбени), технологии и средства за егзистенција…но и со пушка, Една од одликите на слободен човек е да поседува и знае да ракува со огнено оружје. ( Робовите не смеат).

Е така ОСЛОБОДЕНИ, СПРЕМНИ И ЗАШТИТЕНИ. Побарајте ја #Организацијата која ви одговара, зачленете се во неја и градете самостоен, но и вкупен ОДБРАНБЕН СИСТЕМ за себе и Македонија. Кога сме кај организација и структура. Топло и братски ви ја препорачувам РОДИНА МАКЕДОНИЈА. Која само по форма и уредување е партија ,а по суштина е ВсеМакедонска организација со Македонски вредности отворена за сите Македонци( по род и државјанство) и Македонисти.

Само така ОСВЕСТЕНИ, СЕБЕОСЛОБОДЕНИ И ОРГАНИЗИРАНИ можеме да се сочуваме себе си и Македонија.

PS. Со викање по улици, меѓусебни прозивки дали биле собрани 50 или 500 души , уааа, аууу..ништо не правиме.Ништо не направивме и многупати пред тоа кога бевме 50.000! НЕ велам дека не треба да се протестира, треба, треба и да се демонстрира. Но не само така адетски и формално, колку да се “испуцаме“, да чуеме некоја пресна, некое пиво…и терај дома. Да не им даваме големи имиња, на јаловите и наивни обиди. Од типот : Народно Собрание, Семакедонски Ослободотелен фронт…Семакедонски, Севселенски, Сеуниверзумски…џабе ги гориме и во неповрат трошиме големите имиња. Името е код и симбол, но не значи дека ако нешто има големо име , тоа навистина е големо и ќе успее.
Не нема. За успех треба: Инфраструктура, човечки ресурси, знаење, способности, тренинг, упорност и верба. Верба најповеќе. Молете се на Бога и верувајте дека ќе се ослободиме. Паралелно со работата на тоа поле.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВЕЧНА.

Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment