Свет

Трамп: Ако САД имаат пари за Украина, тогаш имаат пари и за обезбедување на училиштата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на „драстични промени“ во пристапот кон проблемите со менталното здравје и безбедносните промени во училиштата во САД поради пукањето во училиште во Тексас во кое беа убиени 19 деца и двајца наставници.

Во обраќањето на конвенцијата на Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА) во Хјустон, Доналд Трамп рече дека е неопходно да се олеснат начините за сместување на насилни и ментално болни лица во соодветни институции, објави Ројтерс .

Зборувајќи за подобрувањето на безбедноста во училиштата, Трамп посочи дека секое училиште треба да има само еден влез, силни огради и детектори за метал, а во секое училиште постојано да има полицаец или вооружено обезбедување.

„Тоа не е прашање на пари. Тоа е прашање на волја. Ако САД треба да и испратат на Украина 40 милијарди долари, ние можеме да го направиме тоа“, рече Трамп.

Тој повика и на укинување на невооружените зони во училиштата и додаде дека на тој начин жртвите остануваат без начин да се одбранат во случај на напад.

Трамп потсети на старата изрека и рече дека добрите луѓе со оружје се единствениот начин да се запрат лошите луѓе со оружје.

„Постоењето на злото е една од најдобрите причини за вооружување на граѓаните кои го почитуваат законот“, рече Трамп пред собраните на конвенцијата на НРА во Хјустон.

Во пукање во основно училиште во градот Јувалде, Тексас во вторникот загинаа 19 ученици и двајца наставници , а беа повредени повеќе од десет деца.

Напаѓачот, осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос е убиен, а пред нападот пукал во својата баба и на социјалните мрежи прикачувал фотографии со оружје и изјавил што ќе се случи.

Американскиот претседател Џозеф Бајден апелираше до Конгресот, во кој републиканците долго време се противат на усвојувањето на ограничувањата за носење огнено оружје, конечно да се спротивстави на вооруженото лоби и да спречи нови жртви во масовните престрелки

Related posts

Leave a Comment