Свет

Трамп : Г7 не го личи без Русија,Треба да се вратиме на Г8 и да ја вклучиме Москва!

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било „посоодветно“ да се вратиме во форматот Г8 и да ја вклучиме Русија.

„Мислам дека е многу посоодветно да ја имаме Русија внатре. Треба да биде Г8, бидејќи многу работи за кои зборуваме, имаат врска со Русија“, изјави Трамп пред новинарите во вторникот.

Тој, исто така, истакна дека неговиот претходник Барак Обама „ја сакаше Русија надвор од она што порано беше Г8“.

Групата седум (Г7) е здружение на индустријализирани земји што ги здружува Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија. Во 1997 година, таа беше преименувана во Група Осум (Г8), откако Русија се приклучи на здружението. Во 2014 година, западните земји решија да се вратат во формат Г7 по развојот на настаните во Украина и влошувањето на односите со Русија.

Related posts

Leave a Comment