Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече спикерката на Конгресниот дом, Ненси Пелоси, „слаба и бедна марионета“.
Ова се должи на нивните спорови околу финансирањето на СЗО и другите препирки околу коронавирусот.
„Таа е целосно некомпетентна и е контролирана од радикалната левица, слаба и бедна марионета. Врати се во Вашингтон и врши ја својата работа“, напиша Трамп на Твитер.
Тој исто така ја нарече луда и слаба личност.
Crazy “Nancy Pelosi, you are a weak person. You are a poor leader. You are the reason America hates career politicians, like yourself.” @seanhannity She is totally incompetent & controlled by the Radical Left, a weak and pathetic puppet. Come back to Washington and do your job!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 16, 2020
„Луда Нанси Пелоси, ти си слаба личност, ти си лош лидер. Ти си причината зошто Америка ги мрази политичарите од кариера како што ти си ти“, напиша американскиот претседател.
Како што наведува „Фокс њуз“, објавите на Трамп дошле откако Пелоси во писмо до своите колеги демократи во преставничкиот дом навела дека тој „ја уништил инфраструктурата која му е доверена а со која требало за да се надмине пандемијата, што резултираше со непотребни смртни случаи и економска катастрофа“.
Ненси Пелоси мислеше на тимпт за борба против пандемии на поранешниот претседател Барак Обама кој Трамп го распушти кога ја презеде должноста.
Таа рече дека Трамп бил алармиран за пандемијата во јануари, ги игнорирал тие предупредувања и презел недоволни дејства.
Ненси Пелоси оваа недела исто така го критикуваше Трамп поради одлуката да престане да ја финансира Светската здравствена организација.