Свет

ТРАМП НА ЧЕКОР ОД ПОМИЛУВАЊЕ НА АСАНЖ

Американскиот пастор и политичар Мајк Барнс, близок со Доналд Трамп , објави денеска дека актуелниот претседател на САД ќе го помилува новинарот Жулијан Асанж.

Таа информација беше споделена и на Твитер профилот на „Викиликс“, организација основана од  Жулијан Асанж.

По ова прашање се огласи и Едвард Сноуден, кој истакна дека се надева дека информациите се точни.

„Судењето на Асанж се заснова на правна теорија што би ја криминализирала работата на кој било новинар“, напиша Сноуден.

 

Пасторот Барнс се најде под напад на Си-Ен-Ен поради наводно ширење на невистинити информации и во минатото.

Трамп нема што да изгуби со помилување на новинар кој моментално е во затвор во Велика Британија, додека Вашингтон се обидува да добие екстрадиција за кршење на Законот за шпионажа.

Помилувањето на издавачот кој помогна да се откријат воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан веројатно ќе ја вознемири идната администрација на Бајден, чии членови Асанж го нарекоа „терорист од висока технологија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment