Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори. Тој истакна дека тоа не значи дека прифаќа пораз.
Трамп рече дека ќе биде голема грешка доколку Изборниот колеџ го стори тоа, но дека тој ќе ја прифати нивната одлука.
На прашањето дали ќе ја напушти претседателската резиденција на денот на инаугурацијата, 20 јануари 2021 година, ако победата на Бајден биде потврдена, Трамп одговори:
– Секако дека ќе го направам, и вие го знаете тоа. Но, мислам дека многу повеќе ќе се случи пред 20-ти јануари. Многу работи. Откриена е огромна измама.
Pool: President Trump says he “certainly” will leave the White House if the Electoral College certifies Biden’s win.
He went on to liken America to a third-world country. pic.twitter.com/YhiBm52963
— Anders Hagstrom (@Hagstrom_Anders) November 26, 2020
Американскиот претседател исто така рече дека ќе биде тешко да се прифатат изборните резултати под такви околности.
– Овие избори се измама – повтори Трамп во разговор со новинари во Вашингтон.
Трамп го критикуваше и американскиот изборен систем, оценувајќи дека тој не доликува за развиена земја.
– Ние сме како земја од третиот свет – нагласи Трамп.
Избирачикте електори треба да гласаат на 14 декември и да ги потврдат резултатите од претседателските избори, одржани на 3 ноември.