Свет

Трамп се заканува дека ќе го распушти Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се заканува дека ќе го распушти Конгресот затоа што пратениците не ги одобрија неговите кандидати за високи административни позиции, вклучително и лице кое е номинирано да ја преземе независната агенција која ја надгледуваработата на Гласот на Америка, пренесоа денес медиумите.

„Имам многу силна моќ“, изјави Трамп, користејќи ја терминологијата на членот два од Уставот на САД, што му дозволува на претседателот да „распушти еден или двата дома на Конгресот“ во исклучителни околности.

„Сенатот би требало или да ги исполнува своите должности и да гласа за кандидатите што ги номинирав, или би треба да биде официјално распуштен, за да можам да ги поставам луѓето на функцијата додека тие се на пауза“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека има „огромен број луѓе кои треба да се приклучат на администрацијата“. „А сега повеќе од кога и да било поради вирусот и овој проблем“, рече тој.

Според Уставот на САД, номинациите за некои високи позиции мора да бидат потврдени со мнозинство гласови во сенатот. Меѓутоа, кога Конгресот не заседава, Претседателот има право да го направи таканареченото „именување за време на пауза на заседавањето на Конгресот“, што истекува доколку кандидатот не биде потврден до крајот на следната целосна сесија.

Ниту еден претседател во историјата досега не ја искористил специфичната способност на член 2 од Уставот – да го распушти Конгрес.

Related posts

Leave a Comment