Три деца од училиштето „Владо Тасевски“ се во домашна изолација поради коронавирусот, бидејќи нивните родители се лица кои присуствувале на симпозиумот каде била и Нина Цаца Билјановска, директорката на Клиниката за дерматологија, која е позитивна на корона вирусот. Поради ова и останатите родители не ги пуштиле на настава и своите деца. Вакви случаи денеска се забележани и во улиштата „Братство“ и „Вера Циривири Трена“.
Во „Братство“, докторката Кујтиме Мехмети на трети март држела предавања и сега е во 14-дневна домашна изолацијаи, но е без симптоми на коронавирус, таа за состојбата го известила и училиштето.
Градоначалникот на општина Карпош вели дека училиштата се дезинфицирани и дека ја следат ситуацијата и чекаат инструкции од надлежните министерства.