Регион

Турција вети одмазда за санкциите наметнати од САД, вклучувајќи ја и авиобазата Инџирлик

 

Турскиот премиер Мевлут Чавушоглу во понеделникот рече дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака да ги ублажи санкциите против Анкара поради договорот за С-400 со Русија.

Тој вети дека Анкара ќе се одмазди ако бидат наметнати санкциите, вклучувајќи ги и оние што се насочени кон турската воздухопловна база Инџирлик.

“Ако САД ги наметнат санкциите, ние ќе одговориме со релевантен чекор, исто така, може да се земе во предвид и воздухопловната база Инџирлик. Ова е природна позиција под овие околности, а не закана и уцена “, изјави Чавушоглу за турскиот телевизиски канал ТГРТ Хабер.

Чавушоглу додаде дека системите завоздушна одбрана С-400 ќе бидат ставени во служба во Турција на почетокот на 2020 година.

Одделно, тој посочи дека турските партнери во програмата Ф-35 се загрижени поради одлуката на Вашингтон да ја суспендира Анкара.

Тој јасно стави до знаење дека Турција “ќе ги задоволи своите потреби на друго место”, ако САД не ја снабдуваат Анкара со авионите Ф-35 .

Изјавата доаѓа откако Белата куќа во соопштението објави дека турскиот потег за купување на руските С-400 системи за воздушна одбрана “го прави невозможно своето континуирано учество во Ф-35 проектот”.

Related posts

Leave a Comment