Турската агенција за регулација на медиумите (РТУК) ги блокираше веб-страниците на Дојче веле (DW) и Гласот на Америка (VOA), наведувајќи дека тие не поднеле барање за лиценца, пишува Daily Sabah.
ДВ потврди дека пристапот до нивната веб-страница на сите 32 јазици е блокиран во Турција на 30 јуни, а потврда дека нивната веб-страница е блокирана стигна и од Гласот на Америка.
– Пристапот до веб-страниците на ДВ и Гласот на Америка е блокиран поради тоа што до РТУК не е поднесено барање за добивање лиценца – соопштија од ДВ.
Имено, според новите правила, потребно е да се добие нова лиценца за продолжување на функционирањето на веб-страниците и да се почитуваат правилата на РТУК.
Тоа значи дека и странските медиумски компании мора да ги почитуваат турските правила. Интернет услугите за емитување филмови и серии Netflix и Amazon Prime Video добија лиценци на крајот на 2020 година, бидејќи ги почитуваа правилата на оваа земја.