Европа

Турција значително го зголеми извозот на стоки во Русија

ANALYSIS - Turkey and Russia: Back to where we left off 100 years ago

АНКАРА – Извозот на турска стока во Русија во јуни е зголемен за 46 отсто во однос на истиот месец во 2021 година и 52 отсто во однос на мај, објави денеска Турскиот институт за статистика. Според објавените податоци, турските компании во јуни заработиле околу 791,4 милиони долари, додека во мај оваа сума изнесувала 518,8 милиони долари, пренесе РИА Новости.

Меѓу најпопуларните извозни производи се овошјето и јаткастите плодови во вредност од 168 милиони долари.

Значително се зголеми и продажбата на автомобили, опрема и делови.

Според експертите, доколку европските земји продолжат да ги намалуваат пратките поради санкциите, Турција би можела да го заземе четвртото или петтото место на листата на најголеми земји извозници во Русија, зад Кина, Белорусија, Германија и Казахстан.

Дополнително, Русија во периодот од јануари до јуни беше лидер во испораките за Турција, тие достигнаа 27,7 милијарди долари, што е речиси 16 отсто од вкупниот руски увоз.

Related posts

Leave a Comment