Албанецот Фестим Лато кој на 21 јули беше пронајден убиен во еден канал во Амстердам, според холандскиот весник „Телеграф“ имал сопствена војска на неговиот имот во селото Герделанд кај Аферден, Холандија.Според весникот, фармата личела на касарна, а прпадниците на т.н Ослбодителна војска на Чамерија) ги обучувале инструктори од Косово.
Телеграф исто така наведува дека за време на Денот на знамето, на албанскиот национален празник, била организирана „воена парада“ на имотот и дека Лато во оваа пригода рекол : „Ова е армијата што ја создавам“.
Неговите „војници“ биле вооружени со разни автоматски пушки за време на таа парада.
Организацијата беше наречена „Ослободителна војска на Чамерија“, со акроним сличен на оние што ги користеа слични формации во Косово, Македонија и јужна Србија.
Приштинските медиуми објавија дека Лато одржувал добри односи со Рамуш Харадинај.
Албанскиот лист Бота Сот, даде неофицијални детали за тоа како Лато бил убиен, тврдејќи дека прво бил киднапиран на 15 јули, а потоа бил мачен 48 часа, по што неговото распарчено тело било фрлено во реката.
Лато ја прогласи независноста на „Република Чамерија“ од Грција на 30 октомври 2016 година, кога исто така се прогласи за претседател на истиот субјект, а како што јави „Бота Сот“, во текот на 2017 година, тој вети дека ќе започне со правење пасош на „Република Чамерија“.
За време на окупацијата на Грција (1941-1944) од страна на Силите на оската , голем број муслимани Чами соработувале со италијанските и германските окупаторски сили, извршувајќи серија воени злосторства . По завршувањето на Втората светска војна , скоро сите муслимани Чами од Грција беа протерани во Албанија поради соработка со окупаторите на Грција.
Исто така, имаше и друг дел од муслиманската Чама што застана на страна на грчката народноослободителна армија , а голем дел од народот традиционално се држеше подалеку од каков било конфликт.