Свет

УКРАИНСКИТЕ УНИЈАТИ И РИМОКАТОЛИЦИ МУ ПОРАЧАА НА ПАПАТА ДА НЕ ДОАЃА ВО КИЕВ! За нив тој е следбеник на Путин

АЈ, ШТО СЕ СЛУЧУВА?!  УКРАИНСКИТЕ УНИЈАТИ И РИМОКАТОЛИЦИ МОКНАА НА ПАПАТА ФРАНЦИС ДА НЕ ДОАЃА ВО КИЕВ!  За нив тој е следбеник на Путин - Навистина, кој е овде луд?!

 

Папата Франци откри дека сака да ги посети Москва и Киев. Сепак, има се повеќе луѓе во Украина кои мислат дека е најдобро да не дојде!

Од крајот на февруари, тој постојано изјавува дека ќе ги посети двата главни града, одделно. Но, на 4 јули, во интервју за британската новинска агенција Ројтерс, тој рече дека само посетата на Москва и Киев – во рамките на истото патување – може да помогне во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Истовремено, тој изрази уверување дека најкорисно би било прво да ја посети руската престолнина.

Следуваше експлозија на која Ватикан не сметаше.

Лвовскиот надбискуп на Римокатоличката црква Миечислав Мокшицки јавно предупреди: „Прво Москва, а потоа Киев – тоа би било катастрофа“. Сосема е можно границите на Украина да бидат затворени за Светиот Отец доколку дојде од Русија”.

Тој нагласи дека тој и неговото стадо не се согласуваат со  „гестовите на папата во однос на Русија”.

Мокшицки му замери на Францис што сè уште не дал јасна изјава за руската инвазија.“

Друг висок украински католик, бискупот Виталиј Кривицки од Киевско-Житомирсмата бискупија, му порача на Ватикан: „Посетата на папата на Украина ќе биде извор на надеж за многу верници. , но во моментов тоа е невозможно поради зголемената недоверба кон понтифот“.

Расте „недовербата“ за која говори Кривицки кај членовите на Украинската грчко-католичка црква (УГЦ), кои се над 4,5 милиони.

Многу украински унијати и католици снетаат дека Францис е навредлив и посочуваат на неговите зборови во врска со руската специјална воена операција во Украина:

– Не можам да кажам дали тоа е чесна акција… Мораме да се оддалечиме од стандардниот модел: Црвенкапа беше добра, а волкот е лош. Тука нема метафизичко добро и зло.

На ова реагираше поглаварот на УГЦЦ, архиепископот Свјатослав Шевчук, кој оцени дека папата е жртва на руската пропаганда или дека „едноставно намерно го мами светот“.

Некои од видните унијати дури сметаат дека папата – наместо во посета на Украина – треба да поднесе оставка бидејќи „одамна престана да размислува критички и е заинтересиран за теории на заговор“.

Познатиот свештеник на УГЦЦ Назариј Заторски за тоа рече:

– Дека нешто не е во ред сведочи и изјавата на Папата дека војната во Украина ја предизвикале други актери.

Related posts

Leave a Comment