Свет

УНГАРИЈА СЕПАК ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН РУСИЈА! Орбан: Ќе ја платиме цената!

Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но унгарската економија неминовно ќе ги почувствува последиците од тие санкции, изјави денеска премиерот на таа земја Виктор Орбан.

„ Санкциите имаат своја цена и тоа е меч со две острици, а таа цена ќе ја платиме многу наскоро “, изјави Орбан за државното радио, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека унгарската влада сега мора да работи на ублажување на последиците од директната штета поради мерките наметнати на Русија..

Related posts

Leave a Comment