Тенис

Упорноста и борбата за слобода на избор се исплатеше: Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн, без вакцина

Foto: Reuters

Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на Австралија опен, бидејќи добил дозвола од здравствените власти на оваа земја и покрај тоа што не е вакциниран. 

Се шпекулираше дека на Австралија опен ќе може да настапат само вакцинирани тенисери, нешто што е дел од мерките во оваа земја. Таквата опција сериозно се разгледувала, но во последните денови е одлучено мал дел од тенисерите да можат да играат и без вакцина, туку со одредено медицинско одобрение кое го издаваат локалните власти.
Новак Ѓоковиќ добил такво одобрение и потврди дека ќе настапи на Австралија опен.
„Среќна нова година! Ви посакувам многу здравје, радост и среќа. Да гледате, дишите и мислите љубов и да негувате почит кон секоја личност и живо суштество на оваа прекрасна планета. Ми беше убаво да бидам со сојата фамилија и милите луѓе, се одморив од многу долгата и успешна сезона 2021. Сега одам во Австралија бидејќи добив одобрение и подготвен сум да живеам и дишам тенис во наредните недели. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм профил.

Related posts

Leave a Comment