Мистерии

ФАРАОНОТ АЛЕКСАНДАР: Гробницата KV 62 или Кражбата на телото од Македонскиот, дел четврти

 

Тим уметници од судска медицина  од САД , дигитализираа  лице на една од личностите упокоени во гробницата  KV62, користејќи ги томографските слики од неговиот череп како основа за работа . Тимот не беше свесен за идентитетот на носителот на тоj череп .

ФАРАОНОТ АЛЕКСАНДАР
 

а) Александар е опишан како личност со средна висина, жилест,  строен.

ОА ( Тутанкамон ). Раст на 167-170 см -медиум, прикажан жилест, тенок.
б) Александар без сомнение прирадник на белата раса, европски тип на човек .

ДНК -анализата од 2010 година, покажа дека  лицето од KV 62 е Европеец, тој има хапло група R1B1A2, кој има 50% од мажите во jугоисточна  Европа. Оваа хапло група се среќава уште и во пределите на  jужен Урал и северна Азиjа .

Сема Александар
Маузолејот на Александар, во Египет, наречен „Сема“ (грчки. Ш`Ма) – означува гроб, гробница, могила или „сома“  тело)
„Птоломеј Филопатор изгради меморијална зграда во градот Александрија, која сега се нарекува Сема, и ги постави таму сите негови предци (претходници?) Заедно со неговата мајка.
  Во 2015 г. британскиот египтолог Николас Ривс пронаjде таjна одаjа во гробницата KV 62 . Во отворени извори  нема дополнителни инфо за понатамошните истражувања вршени во таjната одаjа .
Диодор, кој го видел околу 50 п.н.е., напишал дека има големина и раскош, достоен за славата на Александар. Зборот „периболос“, кој се преведува како „ограден корпус“, обично значеше одбранбен ѕид на град со средна големина.
„Сема, кој беше во центарот на градот и беше дел од комплексот на Кралските палати, веднаш до другите гробници на кралевите, е заграден со ограда.“ Страбон, очевидци од 25 п.н.е.

Еве го одговорот, на почетокот  мумијата на Александар беше во Сема, тогаш телото беше преместено за зачувување на подземниот гроб.

Мединет-Абу (копт. Чеме)
 На 5 километри од долината на кралевите во градот Мединет-Абу е вториот по големина храм на Египет, кој првично бил посветен на ОА ( Тутанкамон )
 
.
Погребниот храм што зафаќа површина од околу седум илјади квадратни метри, што му овозможи да биде споредуван  со храмот  на Амон.   До храмот може да се стигне преку утврдените порти. Комплексот е опкружен со два реда на sидови слично  како во тврдина. Составот на комплексот Мединит-Абу вклучува: главниот храм, згради за свештеници, Кралската палата, магацини и многу административни згради.
 Градот Александриjа
Гробницата KV62 е во Карнак, додека очевидците велат дека гробот бил во Александрија.

Значи , во Египет имаше 2 Александрии?

Карнак е „истата“ Александрија?

1. Карнак (ал-Карнак) Најголемиот комплекс на монументални антички структури во светот.

А) Долината на кралевите се наоѓа во основата на оваа грандиозна планина „Ел-Курн“.

б) Во близина е селото Ел Курн.
Тие ги добија своите имиња, наводно, во чест на локалниот муслимански светец погребан овде.

Метафорите во случајот Фараонот Александар се броjни , па таа , речиси закономерност ,  сликовито зборува  дека „карнак“  е всушност  метаморфозата на зборот „карнеjн“, епитетот на Александар – „Зуљ Карнаин“ ( вдадетел со рогови). Во исламот нема локални светци , но Александар ( Зуљ Карнаин )  се споменува во  18 Сура од Куранот – Пештера .

Статуа од Фараонот Александар пронаjдена во Карнак

      2. Египетската Теба, е поделена на 2 дела, еден дел се нарекува „Карнак“ вториот „Луксор“.  Теба (Фива ) во антиката била центар на култот на Амон. Амон се сметал за покровител на градот. Еве го главниот египетски храм на Амон , и каде да го погребате „синот“ на Амон како не во неговиот главен град?

Александар имал претскажување во сон дека ќе биде погребан во Александрија.
Ахил Татиј пишува дека Александар сонил  предвидување за својата смрт . Пораката била од Серапион (Амон-Зевс).
„А  по смртта, ќе бидеш рамен на боговите.
 Подароците ќе примаш од царевите. И ќе живееш
 Овде ти,  мртов , но вечно жив:

Твоjот град ќе  биде твоето почивалиште  “

3. Храмот на  Александар во Карнак.

Во Карнак постои мал храм на Александар Македонски.
Средновековните автори го споменуваат гробот на Александар:
Ибн Абд ал-Хакам, Ал-Масуди објавиле дека тие самите го посетиле гробот на Александар и се молеле во неговите „џамии“ ( храмови )
943-944 МАСУДИ 35, споменува скромна зграда, која постоела во Александрија, наречена „Гроб на пророкот и кралот Искендер .
Веројатно, тие го посетиле местото каде што бил гробот , но не им било дозволено да ги видат саркофагот и телото , како што биле удостоени  Цезар и Октавијан, бидејќи овој пат влезот во гробот веќе беше запечатен од императорот Север. Едноставно извршиле молитва во овој единствен храм на Александар во Египет.
На почетокот на 16 век, Лев Африканец (1494-1552) ги бараше остатоците од гробот на Александар, а му беше прикажана мала зграда што ја почитуваа муслиманите кои ги чуваа подароците  во неа.
Во 1546 година, една мала зграда му била прикажана и на патникот Мармол, почитуван од Арапите како гробница на пророкот Искендер , во центарот на градот меѓу урнатините (во моментов руините на Карнак ).
Храмот на Амон во Карнак бил поврзан поврзан со храмот на  Амон  во Луксор преку моќна алеа на сфинкси .
„Така, тој почна да го бара всевидниот  Бог (Амон). Подигна огромен олтар наспротив светилиштето – сега се нарекува „Олтарот на  Александар ,, .
   Ахил Татиj

4. Портите на Месечината и Сонцето во Александрија.

а) “Поминав низ портите наречени портите на Сонцето, а пред мене се поjави град во блескава убавина , што ми ги исполнуваше очите со радост. Исправените  редови од столбови  се издигаа по цела должина на патот од портите на Сонцето до портите на Месечината – овие божества ги чуваат двата влеза во градот “. Ахил Татиј ,,Ловкипа и Клитофон ,, Книга V-1,2.
Во храмовиот комплекс на Карнак има порти на Месечината и порти на Сонцето.

б) “Поминав низ неколку стадиуми ( делови од градот ) и завршив на плоштадот именуван во чест на Александар. Оттука видов други делови од градот, а нивната убавина беше поделена. Пред мене растеше шума од столбови ,  во преск со друга шума од столбови “. Ахил Татиј ,,Ловкипа и Клитофон ,, Книга V-1,2.

Големата хипостилна сала од храмот на Александар

Големата  хипостилна  сала ( сала поддржувана од столбови ) е главната колонада во храмовиот комплекс – Карнак во рамките на храмот Амон. Хипосталната сала со 144 колони е  ремек -дело на светската архитектура, најголемата сала со камени пргради во светот.

5. Островот Фарос.
Првично, Александар, сакал да го основа градот што ќе го носи  неговото име на друго место. Тој дури и jа обиколил избраната парцела  за градење, со камени sидови – но во сон му се jавил белоглав старец  кој што му укажал на друга локација за градот:
„Има остров што лежи во шумното – широко море
Наспроти  Египет; Жителите го викаат Фарос;
Тоj е од бреговите на растојание што е погодно
За ден со попатен ветер, да се вратиш.
Пристаниште верно се наоѓа таму, од каде големи
Бродови влегуваат в море , заштитени од темната вода “
  Дали има соодветно место во близина на Карнак?
 Се разбира дека има

Пристаништето Сафага е град во Египет, на брегот од Црвеното Море, одговара на описот,  и е релативно  близу до Карнак. Сега таму има морско пристаниште, затоа што е погодно место за таков обjект .

Фото Египет.

Но , пристаништето Сафаг се наоѓа на бреговите од  Црвеното Море, додека се верува дека Александрија била на бреговите на Средоземното  Море. Во што е работата? Ова не е целосно точно, античките автори пишуваат дека Александрија била на бреговите од Египетското Море (на пример Диодор).
     Вероjатно ,  се случила  грешка со локацијата на Александрија, следователно  , направена е грешка со локацијата на Египетското Море. Се верува дека Египетското Море, дел од Средоземното Море,  Египќаните го нарекле   Големо Зелено,  а  Римјаните „ Mare Nostrum“ – „Наше  Море“.
Тогаш, ако Египетското Море е модерното Црвено Море, од каде потекнува името на Црвеното Море и каде се наоѓа? Аријан дава одговор на ова прашање.
„Целта на мојата приказна во оваа книга е презентација на патувањето што Неарх (адмирал во морнарицата на  Александар)  коj што со флотата се движел  по должината на брегот, движејќи се од местото каде реката Инд тече кон   големото море до Персискиот Залив, што некои сега ги нарекуваат сега Црвено, или Еритрејското Море “. 19. Ариjан ,, Индиjа ,,.
Некоj  од подоцнежите автори го погрешил  името.
 Дали пристаништето Сафаг е далеку од Карнак?
  „Првобитните димензии , што Александар ги дефинираше за новиот град беа навистина грандиозни“. Ахил Татиj.
„ Жителите на тие неколку рибарски  египетски населби кои се наоѓаа на територијата на новиот град, иако  добија право да бидат нарекувани Александријци, беа преселени на оддалеченост од триесет милји од градските sидини“.
Во деновите на Диодор (I век п.н.е.), населението во градот имал околу 1 милион жители .
     6. Ако Карнак, е првата Александрија, тогаш таму треба да е лоцирана и  познатата  Александриска библиотека. Дали има соодветно место во градот за Библиотеката ?

Изгледа постои такво место  –  Храмот на летописите на Карнак .

   Продолжува …
Пишува – Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment