Свет

ФАТЕН УКРАИНСКИ АГЕНТ ВО ДНР: Откриени плановите на Киев

Властите на Доњецката Народна Република (ДНР) уапсија агент на украинската разузнавачка служба, кој ги открил плановите на Вооружените сили на Украина за насилна окупација на Донбас, објави денеска „Канал еден“.

Оперативците на Министерството за државна безбедност на ДНР го уапсија украинскиот разузнавач Антон Мачанјук на 17 февруари во изнајмен стан во Доњецк, а, како што се наведува, работел во царинската управа на самопрогласената ДНР.

Телевизијата истакнува дека информациите добиени од него се непроценливи и дека тој рекол дека Киев планира насилно да го заземе Донбас, пренесува Спутник.

„Потврди Антон Мачанјук – Киев има намера да ја искористи сета своја ударна моќ во насилната окупација на Донбас“, пренесува Канал 1.

Мачанјук за „Први канал“ изјави и дека налогодавецот му рекол дека би било пожелно да се оддалечи од територијата на Доњецк, на пример во градовите поблиску до границата, бидејќи Доњецк ќе биде изложен на масовен артилериски напад.

Како што се наведува, Мачанјук ја известил украинската разузнавачка служба за движењето на шефот на Народната милиција на ДНР, Денис Сињенков, чиј автомобил вчера бил разнесен во центарот на градот.

Тој исто така изјави дека украинската армија неодамна илегално влегла на територијата на Белорусија со цел да ја извиди областа на воените вежби со Русија, „Сојузничка определба 2022“.

Тој рече дека украинската армија планира да постави бомби од домашно производство на важни објекти во ДНР – на мостови, железнички станици, места за собирање.

Покрај придружувањето на првите лица и слободниот премин низ територијата на ДНР на товар „неопходен“ до Киев, Антон Мачанјук наводно формирал таканаречена „заспана ќелија“ и регрутирал луѓе во Доњецк за извршување терористички напади „кога е потребно“.

Како што се наведува, агентот ја открил шемата според која украинските власти донеле оружје и експлозиви во Донбас.

Бидејќи работел во царинската управа на ДНР, добивал инструкции преку пораки од Киев со наредба за одредени возила да можат да ја преминат границата без детални проверки.

Related posts

Leave a Comment