Македонија

Фетаи: Ја испцув Јанева и ја плукнав вратата на СЈО

 

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, која беше дел од триото на Катица Јанева со  кое ги претставуваше истрагите на обвинителството, изјави дека ја опцула својата шефица и ја плукнала вратата на СЈО.

За „Независен весник“, Фетаи вели дека Јанева, откако ја примила поканата за сведочење од обвинителката Вилма Русковска, дала наредвба за претреси и проверки на сите кои велгуваат и излегуваат од СЈО.

Обвинителката се враќала од пауза кога полицаецот ја стопирал за да ја провери, бидејќи имало таква наредва за сите вработени, без исклучок.

-Ја испцув гледајќи накај нејзе горе, но беше отидена. На излез само ја исплукав влезната врата од СЈО. Јас сум во шок. По толку малтретирања и закани од колегиумот во понделеникот дека ако Јанева пропадне, сите ќе не повлече, ова е претерано, изјавила Фетаи за „Независен весник“.

Related posts

Leave a Comment