Македонија

Филипче поттикнува говор на омраза: ,,Противниците на вакцините против ковид виновни за колективно страдање”

Филипче: Болниците се преоптоварени, но има слободни кревети – МИА

Продолжува агресивната кампања на министерот за здравство Венко Филипче за масовна вакцинација 

Денес тој директно ги посочи граѓаните кои користејќи го загарантираното право на избор, одбиваат да ја примат експерименталната вакцина против ковид.

Тој пред новинарите изјави: Граѓаните треба да се свесни дека ако не сакаат да се вакцинираат има сериозно голема шанса да заболат од болест предизвикана од вирус која многу веројатно ќе ги смести во болница и многу е голема шансата да имаат компликации“, рече Филипче.

Министерот за здравство вели дека биле свесни дека во еден момент ќе се соочат со антивакцинална кампања. Се размислува да има и нови ограничувања од септември доколку се соочиме со нов бран, вели министерот и додава дека сепак не може сите да страдаат оти некој не сака да се вакцинира.

Ваквиот неразумен говор на омраза со кој ги обвинува луѓето кои одбиваат да се вакцинираат и нивно стигматизирање како рак рана на општеството од кое ,,сите страдаат”, веќе резултира со масовни закани по социјалните мрежи од страна на поддржувачите на вакцинацијата кон оние кои ја одбиваат.

Риззикот од вакви несериозни наративи е преголем и ни се заканува поделба на општеството на оние за и против вакцинацијата, која може да прерасне и во физички судири со несогледливи последици.

Related posts

Leave a Comment