Подгорица – Црногорскиот парламент утрово го донесе законот за слобода на вероисповед по тешкиот инцидент кога пратениците од опозицијата побрзаа да ги тепаат оние што гласаа.
Пратениците на Демократскиот фронт го сторија тоа во обид да го спречат деталното донесување на законот. Тие влетуваа во тепачки со членовите на владејачката коалиција, ги бркаа со шишиња, чаши, ги фрлаа своите микрофони и се обидоа да фрлаат солзавец во пленарниот простор.
Клетви и навреди се редеа, а благодарение на брзата интервенција на безбедносните органи, спречени се поголеми инциденти.Сите пратеници на ДФ беа однесени со „марици“ во полиција, додека останатите пратеници се вратија во салата и околу 02:30 часот и го донесоа законот.
https://t.co/2mNfrZEGqj pic.twitter.com/pA4sg4pyud
— Српска рамонда – борба за истину™ (@RSerbica) December 26, 2019
Пред донесувањето на законот, патиштата низ Црна Гора беа блокирани,како одговор на повикот на ДФ, чии лидери, за време на парламентарната расправа, ги повикаа поддржувачите да ги блокираат улиците и да се заканат со судири во случај да се донесе законот.
Поканата беше дочекана со одговор низ цела Црна Гора и земјата беше блокирана од автопатот Бјело Поље – Беране, неколку локации во Подгорица, Никшиќ, Беране, Херцег Нови, Бар, Будва, при што собранието на граѓани им се придружи и градоначалникот Марко Бато Царевиќ.
Дури во вечерните часови беа одблокирани сите патишта во Подгорица, кон Даниловград, Зета, аеродромот, Спуз и Златица, каде имаше две блокади на патиштата. Полицијата беше каменувана во Зета по предупредувањата дадени до граѓаните. Заедно со комуналната инспекција, полицијата отстранила возила што го блокирале сообраќајот кон Зета и Даниловград.
Граѓаните во Никшиќ прво блокираа еден кружен тек во Никшиќ, а потоа стотици други ја пробија полициската блокада и се упатија кон тунелот Будош.
Од полицијата биле приведени околу 20 лица, од кои 13 биле уапсени за кршење на законот за јавен ред и мир, меѓу нив и монах од манастирот Ѓурѓеви ступови од Беране ,Небојша Булатовиќ. Едно лице е уапсено за напад врз полицаец.
Врховното јавно обвинителство објави дека го следи она што се случува и ќе го гони секој оној,за кој се тврди дека го прекршил законот без разлкка каква функција има.
Претседателот на собранието Иван Брајовиќ во пресрет на гласањето, по инцидентот изјави, дека сторителите на инцидентот треба сносат одговорност за случувањата. Црна Гора, рече тој, никогаш нема да дозволи нејзините институции да бидат оневозможени. Тој на пратениците на ДФ им изрече мерка за отстранување, што значи дека не можат да присуствуваат на парламентарните седници во наредните 15 дена.
Пратеникот на СДП, Ранко Кривокапиќ, рече дека синоќешниот инцидент е „шешељизацоја“ на црногорскиот парламент. „Ова не се најдобрите тие, ова се тие кои служат на други. Тие не беа избрани од гласачите од гласачите да бидат лоши копии на потрошениот Шешељ“, рече Кривокапиќ.
Тој констатира дека во земја во која се случува ова, опозицијата не може да има корист.