Занимливости

Холандско семејство живеело во подрум девет години чекајќи го крајот на светот! (ВИДЕО)

Сопственикот на блискиот паб изјавил за локалните медиуми дека ја информирал полицијата во понеделникот, откако бил контактиран од збунет млад човек, велејќи му дека не бил надвор  девет години

Холандските власти згрижија семејство кое со години живеело во подрум на оддалечена фарма, во очекување на крајот на светот, објави во вторникот холандската полиција, додавајќи дека истрагата е во тек.

58-годишниот сопственик на фармата заврши во привремен притвор затоа што не сакаше да соработува со истражителите, соопшти полицијата на источната провинција Дрент.

Според холандското радио, човекот, заедно со своите шест деца, на возраст од 16 до 25 години, живееле во изолација во подрумот на фарма во Руинерволд, каде го чекале крајот на светот.

Сопственикот на блискиот паб за локалните медиуми изјави дека ја информирал полицијата во понеделникот, откако бил контактиран од збунет млад човек, кој му велел дека не бил надвор  девет години.

„Тој рече дека избегал и дека му е потребна помош“, рече тој.

Полицијата открила шест лица на фармата кои сега се згрижени.

Не е познато во каква здравствена состојба или во какви услови живееле.

Локацијата на мајката на децата е исто така непозната.

Жителите на градот се шокирани. Тие рекоа дека на имотот гледале само еден маж и не знаеле дека тој има семејство.

Фармата е скриена зад дрвјата и оддалечена околу 200 метри од крајот на градот.

 

 

Related posts

Leave a Comment