Во својот краток говор и критики за надворешната политика на ЕУ, пратеникот во Европскиот парламент од Хрватска, Мислав Колакушиќ, смело и јавно го кажа она што многумина во Европа го мислат и не се осмелуваат да го кажат.
-Денес надворешната, безбедносната и одбранбената политика на Европската унија може да се опише само со една реченица: ЕУ стана 51-та држава на Соединетите Американски Држави, но без никакво право на глас, рече Колакушиќ пред претседателот на Европскиот парламент.
Неговиот говор почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика голем број позитивни коментари.
Мислав Колакушиќ е адвокат, пратеник во Европскиот парламент (избран во 2019 година) и поранешен судија на Стопанскиот суд во Загреб. Како потенцијален кандидат учествуваше во претседателската трка во Хрватска во 2019 година. Некогаш беше најголемото изненадување на изборите за Европскиот парламент, кога освои 68.882 гласа, а сите други кандидати од неговата листа заедно не добија ни 1.500 гласови.
Тој е познат и по неговите јавни настапи во европскиот парламент против ковид мерките кој тој ги нарече фашистички.
Croatian MEP Mislav Kolakušić:”…the European Union became the 51st federal state of the United States but without the right to vote.” pic.twitter.com/N7kcIVVibW
— NiCoLeEliSei (@NiCoLeEliSei1) June 8, 2022