Регион

ЦРНА ГОРА : ДВЕ БАДНИКОВИ ДРВА И ПОЛИЦИСКИ КОРДОН ВО СРЕДИНА (ФОТО, ВИДЕО)

Црна Гора

Среде тензиите во Црна Гора околу Актот за слобода на религија, се слави големиот христијански празник, така што традиционално верниците се собраа во Цетиње и го запалија бадниковото гранче пред манастирот. Во исто време, недалеку оттаму,бадник горат и верници од непризнатата, т.н. црногорска православна црква, а присутна е и полицијата.

– Победата е наша, зашто Господ е со нас. Ќе застанеме на патот и на ова зло – велат некои луѓе пред манастирот Цетиње, каде има неколку стотици верници.Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт и српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ се исто така таму.

Митрополитот Црногорско-Приморски Амфилохије со свештенството ја служи Светата служба во манастирот Цетиње.

Според  српски „Курир“, верниците пееле песни како „Ој, Косово, Косово“.

Стотина метри подалеку, пред дворот на кралот Никола, верниците на црногорската црква палат бадниково дрво, а ова е една од деветте локации каде што се собираат денес,и тоа централна.

Беа поставени силни полициски сили меѓу двете групи верници, што укажува на тензии меѓу нив.

За потсетување е дека низ цела Црна Гора со денови се одржуваа молебдени и литии во знак на протест против законот за слобода на религијата .

 

Related posts

Leave a Comment