Свет

Чавушоглу: Ирак да не стане арена на конфликт на странски сили

Резултат со слика за Mevlüt Çavuşoğlu

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во Багдад дека треба да се спречи Ирак да стане арена на конфликт меѓу странските сили.

„Турција и Ирак ќе ја продолжат соработката за надминување на овој мрачен период во историјата на Ирак. Бараме да биде спречено  нашиот сосед да стане арена на конфронтација помеѓу  странските сили“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во ирачкиот главен град .

Чавушоглу рече дека „неодамнешните напади врз воените бази во Ирак покренаа сериозни проблеми во регионот“.

Министерот за надворешни работи на Турција го посети Багдад во обид да ги смири тензиите еден ден по  иранскиот ракетен напад врз две ирачки бази што ги  користат американските сили.

Чавушоглу заминува за Ирак како дел од „засилените дипломатски напори на Анкара за смирување на тензиите по неодамнешните случувања во регионот“, соопшти вчера турското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс .

Чавушоглу во понеделникот рече дека Турција е во контакт со сите страни во регионот, како и со Вашингтон со цел деескалирање на тензиите, истакнувајќи дека Анкара ќе се ангажира за да помогне во решавањето на проблемот.

Related posts

Leave a Comment